Во Валандово регистриран првиот заболен од коронавирус

Од:

Првиот заболен пациент од коронавирус во Валандово, кој беше регистриран вчера, моментно се лечи на Одделението за пневмофизиологија во болницата во Битола, каде бил примен на 17 април.

Валандовчанецот има 64 години и е во добра здравствена состојба. Го очекува тестирањето кое ќе биде направено по 14 дена од неговиот прием во болницата.

Градоначалникот Перо Костадинов на својот ФБ профил објави дека пациентот, по враќањето од странство, бил спроведен во државен карантин каде што ги покажал и симптомите на болеста.

Тој апелираше до сограѓаните да бидат емпатични и да избегнуваат непотребно создавање паника, а на инфицираното лице му посака брзо и лесно оздравување.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ