Во време кога училиштата се затворени ширум светот и кога луѓето се во изолација, моќта на книгите треба да овозможи да се бориме против осаменоста, да ги засили врските меѓу луѓето и да ги прошири нашите видици, притоа стимулирајќи го нашиот дух и нашата креативност, се наведува во пораката од УНЕСКО по Светскиот ден на книгата и на авторското право.
Многу е важно да се најде време за читање, самиот за себе или со децата, се посочува во пораката и се додава дека ова е вистински миг да се истакнува читањето, да ги воспитуваме децата како идни читатели, да им ја пренесеме љубовта кон литературата, која ќе трае целиот нивни живот.
Од 1 до 23 април УНЕСКО споделува цитати, песни и пораки за да ја симболизира моќта на книгите и да го поттикне читањето колку што е можно повеќе. Со читањето и со споделувањето знаења ние создаваме една поврзана заедница способна да се бори со осаменоста. Ги повикуваме студентите, наставниците, библиотекарите, читателите од целиот свет како и сите кои се вклучени во ланецот на книгите да посведочат и да ја изразат својата љубов кон читањето. Ние ве поттикнуваме да споделувате информации за вашите омилени книги и да ја препраќате оваа позитивна порака во вашето опкружување #WorldBookDay and #StayAtHome, стои во пораката.