Еден малолетник меѓу осумте лица кои го прекршиле полицискиот час во Тетовско

Од:

Осум лица во Тетовско, од кои еден малолетник, ја прекршиле забраната за движење во периодот од 7 часот на 22 април до утринава во истото време, информира денеска СВР Тетово. Сите се лишени од слобода и задржани во полициските станици, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

-Од страна на полициски службеници на СВР Тетово извршени се контроли кај 246 лица во Тетовскиот Регион во изолација и кај 155 во самоизолација, кај кои не се забележани прекршувања на обврските, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

До вчера, или еден месец колку што трае ограниченото движење на граѓаните, СВР Тетово има поднесено 64 кривични пријави со кои биле опфатени 79 лица осомничени дека го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска