Дефанзивецот на Интер, Ешли Јанг може да го продолжи договорот со клубот.
Според „Гардијан“, Интер ќе ја активира опцијата за обновување на договорот за една година со 34-годишниот Англичанец.
Беше објавено дека оваа недела италијанскиот клуб даде предлог до Јанг да го продолжи договорот, а фудбалерот е подготвен да потпише нов договор.
Забележано е дека настапот на Јанг го импресионираше тренерот на „нероазурите“ Антонио Конте.
Јанг се пресели во Интер од Манчестер јунајтед оваа зима. Настапи на пет натпревари во Серија А за италијанскиот клуб, постигна еден гол и оствари една асистенција.