Од утре задолжително носење на заштитна опрема во маркети, банки, зелени пазари

Од:

Премиерот Оливер Спасовски посочи дека мерките кои Владата ги воведе за справување со коронавирусот дале резултати. Тој вели дека бројките покажале дека стратегијата е добра, а тоа се гледа и од тоа што има мал број на заболени граѓани од повозрасните категории. Намалувањето на рестриктивните мерки, според Спасовски, е зголемување на одговорноста на граѓаните. Од утре сите граѓани при пазарење во маркети, одење во банки или на отворени простори како на зелените пазари, ќе мора да носат заштитна опрема.

„Донесовме повеќе уредби и одлуки за зајакнување на лесните мерки, но и олабавување на рестриктивните мерки. На овој начин, ограничувањата ќе се намалат, внимателноста ќе се зголеми. Досегашните мерки креирани од стручните лица беа создавани од пикот кој ни претстоеше, но и почитувањето на мерките. Со исправена глава можеме да кажеме дека мерките дадоа ефект. Бројките ни кажаа дека стратегијата е добра, а имаме и линеарен број на зголемување. Имаме мал број на заболени возрасни лица, за кои можеме да кажеме дека е поради воспоставените мерки“, рече Спасовски.

Тој побара и натаму да се почитуваат донесените мерки за социјална дистанца и носење на заштитна опрема, која е задолжителна во затворени простории, но и во одредени случаи на отворени простории.

„Меките мерки предвидуваат зајакната индивидуална одговорнсот. Тоа е мерката за држење растојание од 2 метри. Значаен процент од заболените со коронавирус е асимптоматски, тоа значи дека лицето кое стои пред вас може да е заболено а да не знае, а само два метри можат да заштитат. Следна мерка е носењето на заштитна опрема, свилена марама, респираторна опрема, шал, медицинска маска. Тоа ќе овозможи прекин на ширењето на вирусот, бидејќи повеќето заболуваат преку кашлање. Оваа мерка ќе важи на територијата на целата држава. Заштитната опрема мора да се носи во маркети, продавници, банки, а на отворените простори мора да се носи на зелените пазари и други места каде не можете да одржите дистанца од два метри“, посочи Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните