Спортскиот директор на Севиља, Мончи, зборуваше за можниот трансфер на играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ.
– Не е познато што ќе се случи со фудбалот, па затоа нема да трошиме пари кога не знаеме какви приходи ќе имаме. Севиља нема да спроведува никакви трансакции.
Преговорите со Барселона за Ракитиќ не се водат. Ги видов зборовите на Иван за желбата да се врати во Севиља еден ден. И му благодарам за неговите зборови, но сега зборувањето за пазарот е ризично. Севилја не презема никакви чекори. Не знаеме како ќе заврши пандемијата, порача Мончи.
Неодамна, Ракитиќ најави заминување од Барселона и изрази желба да се врати во Севиља