Макрон: Сега не е време да се бара виновен за пандемијата

Од:

Францускиот претседател, Макрон ја отфрли идејата на австралискиот премиер, Скот Морисон за итна меѓународна истрага за пандемијата на новиот коронавирус.

Макрон во телефонски разговор со Морисон му рекол дека сега не е време за такво нешто.

„Во моментов има итна потреба да се дејствува во синхронизација против вирусот, а не да се бара кој е виновен“, изјави францускиот претседател.

Според портпарол на Елисејската палата, Макрон сепак признал дека „има некои проблеми“ и ја истакнал „потребата за транспарентност од страна на сите играчи, а не само на СЗО“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат