Во текот на изминатото деноноќие во Кичево во целост се почитувал полицискиот час. Во истиот период, не се евидентирани кражби или сообраќајни незгоди, информираат од СВР-Охрид.
На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 283 лица во изолација, од кои 21 лице во Кичево.Од страна на полициски службеници, извршени се 72 контроли кај лицата во изолација, 11 во Кичево.
Моментно, вкупниот број на лица во самоизолација изнесува 380 лица, од кои во Кичево 28. Полициските службеници извршија 88 контроли на угостителски објекти.