ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба

Од:

„Пандемијата коси низ Македонија, граѓаните ги трпат последиците од мерките, а СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба.

Нема соодветна заштита за медицинскиот персонал и за граѓаните, недостасува сеопфатно тестирање, а функционерите на СДСМ се однесуваат како шерифи.

Единствено нешто што функционира се огласите за времени вработувања и парите кои се слеваат кај партиските послушници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се прашуваат дали власта се наоѓа во состојба на епидемија и криза или во политичка кампања.

Советник на СДСМ во полициски час си тераше партиска кампања, а директор си објавуваше фотографии како со друштво прославува.

Републичкиот штаб нема информации дека општински штаб е тестиран заради сомненија дека членовите се инфицирани и само заради пропаганда одржува состанок под ризик да ја рашири заразата. Протоколите се игнорираат, а заради внатрепартиски битки се игнорираат и барањата на општинските штабови.

Целата паника се користи за ослободување на инволвираните во случајот Рекет.

Државата е во хаос и дополнително ќе ја заглават на долг рок. Рецесијата е започната, пари нема за бизнисите, граѓаните се исплашени за својата егзистенција, а власта нелогично ќе ја спасува олигархијата од пропаст.

Додека во светот и во европските земји владите носат сериозни мерки за заштита на граѓаните и стопанството, претставниците на власта во Македонија се натпреваруваат кој повеќе пресови ќе направи за да бидат „популарни“ и видени. Со ваков популизам и неспособност пати народот и државата која што е во колапс“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата