Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Како шти информира Министерството за внатрешни работи, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација, соопштува МВР.