Најверојатно влошена е здравствената состојба на Ким Џонг-ун

Од:

САД ги следат информациите на тајните служби според кои лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е во критична состојба по операцијата на срцето, објави Си-Ен-Ен.

Гласините за неговата здравствена состојба беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април на владина седница.

Неименуван американски претставник за Си-ЕН-Ен изјави дека постои загриженост за здравствената состојба на Ким, но оти е тешко да се процени сериозноста на ситуацијата.

Јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт