Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат во две смени

Од:

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот.

Како што соопштуваат од ЈСП, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Целосниот распоред за поаѓање на автобусите, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.

Од 7:30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7:30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски