Хјун-Мин Сон веќе е во воен камп

Од:

Напаѓачот на Тотенхем Хјун-Мин Сон влезе во воениот камп во родната земја Република Кореја, каде ќе помине 3-неделна обука. 27-годишниот стрелец ќе помине краткорочна воена обука на островот Џеџу. Тој ќе биде дел од 9-тата бригада на поморскиот корпус и ќе остане таму до 8 мај.

Младите мажи во Република Кореја треба да поминат две години воена обука. Сепак, Сон успеа да си издејствува што е можно пократок рок, откако и помогна на својата земја да освои златни медали на Азискиот куп во 2018 година.

Воената служба во Јужна Кореја останува задолжителна, бидејќи земјата никогаш не потпишала мировен договор со соседната КПРК, и формално, двата дела на Корејскиот Полуостров продолжуваат да бидат во војна по конфликтот во 1950-1953 година.

Оваа сезона, Сон има постигнато 9 голови и направи седум асистенции за Тотенхем на 21 натпревар во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски

Сон Хјун Мин: Мора да се намали бројот на натпревари, фудбалерите не се роботи

Горан Наумовски

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем