Времето денеска преку ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во југоисточните делови од земјава.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 17 до 23 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините ќе има врнежи од снег.
Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.