Вооружен напаѓач облечен во полициска униформа убил најмалку 10 луѓе, меѓу кои и еден полициски припадник во Нова Шкотска, јавуваат светските медиуми.
Напаѓачот, по 12 часовно дивеење, напаѓање и пукање во канадската покраина Нова Шкотска, бил приведен во градот Портапик, а жителите претходно биле советувани да се заклучат во своите домови пред тој да биде уапсен.
Според канадските медиуми, напаѓачот се движел во полициско возило, а потоа се преместил во друг автомобил.
Според првичните информации, станува збор за 51-годишниот Габриел Вортман, кој бил уапсен на бензинска пумпа, а потоа починал.
Премиерот на Нова Шкотска Стивен Мекнил изјавил: „Никогаш не мислев дека ќе се разбудам со веста дека напаѓач може слободно да се движи во Нова Шкотска. Ова е еден од најнемилосрдните акти во историјата на оваа покраина“.
Канадскиот премиер Џастин Трудеј изјавил: „Моето сочувство оди кон сите оние што се засегнати од оваа страшна несреќа“.