Тинејџери вратиле 62.000 евра, кои ги пронашле во воз

Од:

Двајца тинејџери во Норвешка вратија 467.200 круни (околу 62.000 евра) кои во воз ги заборавил еден постар патник, пренесуваат норвешките медиуми денес.

Тинејџерите парите ги пронашле во торба, оставена на седиште во воз кој сообраќал помеѓу Осло и еден мал град во јужниот дел на Норвешка.

“Кога ја отворив торбата, првото нешто што го видов беа купови банкноти”, рече 16-годишниот Бендик во изјава локалниот весник “Вестби авис.”

“Веднаш помислив дека треба да се јавам во полиција”, додаде тој.

Прегледувајќи ја торбата го нашле и пасошот на сопственикот, 70-годишен маж, кој допрва треба да дојде во полициската станица за да ги земе парите.

Полицијата соопшти дека старецот не е осомничен за било какви криминални активности. Оттаму додаваат дека не знаат дали тинејџерите ќе бидат наградени за својата чесност.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани