Ирачките власти ја укинаа забраната за работа на „Ројтерс“ во оваа земја

Од:

Ирачките власти денеска ја укинаа суспензијата на дозволата за работа на британската агенција Ројтерс во нивната земја, соопшти самата агенција.

Лиценцата за работата на британската агенција беше одземена на почетокот од овој месец заради нејзините извештаи за бројот на случаи на коронавирус во Ирак.

Ирачката комисија за комуникации и медиуми (ЦМЦ) ја извести британската агенција дека ја суспендира суспензијата со цел да им овозможи на медиумите да работат транспарентно и непристрасно, во согласност со прописите за радиодифузија утврдени од ова независно тело.

Ројтерс соопшти дека се „многу задоволни што суспензијата е укината и дека тие можат да продолжат да известуваат од Ирак“.

„Ние ги цениме напорите на ирачките власти и ЦМЦ за навремено решавање на проблемот“, се вели во соопштението на агенцијата.

Би можело да ве интересира

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак