Помпео ги поздрави православните христијани по повод Велигден

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа испрати поздрави до сите православни христијани кои викендов го одбележуваат празникот Велигден – Христовото Воскресение.

-Испраќаме велигденски поздрави и посакуваме радост во ова благословено време на годината. Иако црквите низ цел свет од неодамна се празни, вербата го полни светот секој ден, се вели во честитката што Помпео ја испрати од негово и името на неговата сопруга Сузан.

-Нека вашата вера ги зацврсти вашите надежи, како и одлучноста во време на борба со пандемијата на Ковид-19, од која страда целиот свет, независно од етничката, расната или верската припадност, додаде Помпео.

Државниот секретар посочи дека САД „неуморно ќе работат со светското општество за да го ослободат светот од оваа епидемија“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија