Тарчуловски: Сплотена Македонија е она што ни дава сила

Од:

Заедно, обединети, сплотени, тоа е Македонија што мене и на сите нам ни дава сила, рече Јохан Тарчуловски од централната бина на Градскиот плоштад во Скопје, поздравувајќи го големиот број граѓани кои дојдоа да му дадат поддршка.

Изразувајќи благодарност за дочекот, Тарчуловски напомена дека секој Македонец треба да даде максимум од себе, да се бори и да прави се за Македонија.

– Треба да сме свесни и совесни за да ги победиме сите предизвици со кои се соочуваме и да извлечеме се што е најдобро за државата, напомена Тарчуловски.

Тој беше пречекан на плоштадот со песната „Добредојде“ од сопругата Соња Тарчуловска, како и со македонската химна која ја изведе Сашо Гигов-Гиш.

Отпеана беше и „Едно име имаме“ со што следуваше рецитал на „Т`га за југ“.

Тарчуловски денеска по пристигнувањето на аеродромот Александар Велики се сретна со премиерот Никола Груевски и високите владини претставници во чија придружба потоа положи и цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска