Едно лице од Кичево ја прекршило забраната за движење

Од:

Безбедносната состојба во Кичево и околината е стабилна. Од СВР – Охрид во периодот од 19 часот на 18 април до 07 часот на 19 април едно лице во Кичево ја прекршил забраната за движење за време на полицискиот час.

– Против него, ќе биде поднесена кривична пријави во согласност со член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и други казнени дела.

Димовски истакна дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

Извршени се 181 контроли врз лица во самоизолација од кои 26 во Кичево.

Полициските службеници извршија и 77 контроли на угостителски објекти.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска