(ВИДЕО) Тарчуловски пречекан на плоштадот во Скопје

Од:

По средбата кај премирот Никола Груевски, Јохан Тарчуловски се поклони пред споменикот на бранителите, а потоа беше пречекан на плоштадот Македонија.

Тарчуловски во обраќањето на плоштадот рече дека заедно обединети е силата на Македонија.

-Сакам да се заблагодарам за овој дочек. Сакам да искажам благодарност за поддршката во сите изминати години, таа енергија ја чувствував и ми помогна да издржам и да ги победам сите предизвици. Сите вие можете да сметате на Јохан.

-Научив животна лекција. Мислев на сите наши хеори, на Гоце, на Даме, на Ченто, на тигрите, на лавовите, на војниците, полицајците, резервистите, и знам дека некогаш во животот мора да се собере силата и да ја ставиш како поткрепа на својот народ и да и се оддолжиш на својата земја.

-Како одговор на тие тешки работи јас од овде, од плоштадот, ќе ви кажам она што сум го кажувал-секогаш и секаде ќе бидам спремен за Македонија, кога бев повикан јас одговорив на повикот да ја бранам Македонија. Македонија е нашата татковина. Затоа од овде сакам да порачам секој да прави се што може , да вложува за Македонија, да оди напред, да се образуваат младите. Ние сме соочени со многу предизвици, така било и така ќе биде-треба да сме многу мудри но и многу храбри да ги победиме сите предизвици. Но кога ги гледам сите моменти, јас сум сигурен дека ние ќе победиме, сите лоши работи да ги оставиме во минатото, да се соединиме околу идејата за напредок на Македонија, обединети ќе сме силни, а така ќе не почитуваат повеќе.

-Сакам да ви порачам дека македонскиот народ е добар мирен и работлив народ, тој знае да живее во слога, да се почитуваме и помагаме, но македонскиот народ е народ кој си ја сака и знае да ја брани својата земја. Тој изрази голема благодарност до неговото семејство кое било со него во сите тешки моменти.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска