Поранешната италијанска порно ѕвезда Чичолина, чие вистинско име е Илона Сталер, ќе учествува на изборите за локалната власт во Рим.
Чичолина е кандидат на италијанската Либерална партија на изборите кои се планирани да се одржат на 26 и 27 мај, годинава.
Таа во својата кампања ветува дека ќе ја легализира проституцијата. Како што е веќе познато, во минатото порно ѕвездата беше пратеник во италијанскиот парламент во еден мандат. Во 2011 година, пак, доби право на пензија во износ од 3.000 евра месечно. Исто така, Чичолина беше основач и на италијанската Партија на љубовта.