Димковски: Забраната за движење во шуми се однесува само за шуми со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на денешната прес-конференција истакна дека мерката за забрана во шумите не е целосна, туку делумна и е донесена заради спречување на шумските пожари.

– Мерката која што е донесена се води како делумна забрана и што значи сето ова. Само да напоменам, најверојатно кога граѓаните реагираат не ги знаат податоците или не ги интересираат многу анализите. Само во последните 30 дена во овој период во кој многу од граѓаните се чудеа зошто е донесена бидејќи имавме и снег по планините и повисоките места, имаме 25 шумски пожари. Делумната забрана за движење е токму за да се заштитат шумите од пожарите, рече Димковски.

Димковски информира дека сите оние лица кои имаат потреба од извршување на економски активности во шумата како што се собирање на шумски билки и печурки, но и планинарите преку планинарките друштва, треба да се пријавуваат во подружниците на „Национални шуми“ во градовите и добиваат дозволи за движење.

Тој посочи дека ова мерка се однесува само за шуми со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“ и не ги опфаќа заштитените подрачја Водно, Гази Баба и другите национални паркови.

– Токму Водно бидејќи е карактеризирано како заштитено подрачје, односно парк шума, и не само Водно, истиот случај е и со шумата во Гази Баба, кадешто овие не подлегаат под ова забрана бидејќи со нив не стопанисува ЈП „Национални шуми“ и тие воопшто не се влезени во ова забрана. Движењето е слободно, но имајќи ги на ум сите рестриктивни мерки коишто ги донесе Владата, рече Димковски.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска