(ВИДЕО) Тарчуловски: Жртвата за Македонија нема цена

Од:

Вашата поддршка иако бев далеку многу ми значеше. Вашата поддршка ми беше се. Се докажало на времето и се докажува и денеска дека жртвата за Македонија нема цена. Како што ќе рече Гоце Делчев за делото нема почеток и нема крај. Немам зборови да го искажам тоа што го чувствувам денеска, рече Јохан Тарчуловски веднаш по враќањето во Македонија, по осум години поминати во затвор.

Во моите први зборови, рече, на ова свето македонско тло сакам да изразам голема, гоолема благодарност до сите македонски бранители, сите они кои се со нас сега и сите оние кои ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и да се цени. Помина долго врме, ми недостасувавте, ми недостасуваше Македонија. Им благодара на сите. Да живее Македонија, рече Тарчуловски.

Јохан кој со владиниот авион пристигна на скопскиот аердором, на пистата беше пречекан од неговите деца и премиерот Никола Груевски.

Здружението за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно сообраќаат до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и потоа до плоштадот „Македонија“, како и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаа да дојдат и да го пречекаат Тарчуловски.

На плоштадот „Македонија“ во 16:30 часот ќе биде организирана и прослава во чест на враќањето на Тарчуловски на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.

Би можело да ве интересира

Тарчуловски: Во Шевенинген добивав неморални понуди за да ја префрлам вината на Љубе

Емир Латифовиќ

Тарчуловски го положи првиот испит на Земјоделски во Штип

Емир Латифовиќ

Тарчуловски на средба со штипскиот градоначалник

Емир Латифовиќ

Ангелов: Каде бев за пречекот на Јохан?

Ана Ололовска

Јанкулоска: Гордост е да се пречека човек кој направил се за Република Македонија

Ана Ололовска

Иванов: Враќањето на Тарчуловски чекор напред кон натамошно градење соживот

Ана Ололовска