А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 70 проценти од заболените со Ковид вирусот се од Скопје, Куманово и Прилеп

by А1он18/04/2020 - 13:24711
Share0

Од вкупно 1.117 регистрирани случаи на заболени со Ковид-19 во нашата држава, 71,8 проценти се во три града. Скопје (n=388), Куманово (n=311) и Прилеп (n=103), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според место на постојано живеење/повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 21 град низ државата.

Најмногу заразени на 100.000 жители се регистрирани во Куманово со 218 заболени, во Дебар 183,8 и во Прилеп 108,1 на 100.000 жители.

Заболените се на возраст од 0 до 91 години. Најголем број – 233 заболени се на возраст од 50-59 години или 20,9 проценти.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од пријавените случаи за кои се добиени податоци, 20,7 проценти се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Најчести симптоми кај заболените се температура (64,3%), кашлица (54,1%), малаксаност (32,3%), треска (18,5%), главоболка (17,5%), болка во грло (15,7%) и отежнато дишење (14,1%).

Кај 33,8 проценти од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Регистрирани се 194 случаи на заболување меѓу здравствени работници, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Според исходот од заболувањето, кај 929 лица се активни случаи, 139 случаи се водат како оздравени (13 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се 49 смртни случаи. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години – 34 случаи каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 8,9/100.000 жители. Од починатите, кај 36 лица или 73,5 проценти се регистрирани коморбидитети.

Од 15.02.2020 до 16.04.2020 тестирани се вкупно 10.859 материјали. Со ова во нашата држава се направени 5.247 теста на 1.000.000 жители.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео