Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна

Од:

Безбедносната состојба во Кичево е стабилна. Од СВР – Охрид информираат дека во периодот од 19 часот на 17 април до 07 часот на 18 април, во Кичево нема прекршувања на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

– Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.
Тој посочи дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Додаде дека се извршени 344 контроли врз лица во самоизолација, од кои 33 во Кичево.

Полициските службеници извршија 90 контроли на угостителски објекти.

Би можело да ве интересира

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит