Две лица го прекршиле полицискиот час во Тетовско

Од:

Две лица го прекршиле полицискиот час на тетовското подрачје во текот на ограниченото движење од 7 часот вчера изутрина до истиот термин денеска, информираат од СВР Тетово. Според законските прописи по член 206 од Кривичниот законик и двајцата ќе добијат пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

– Ги потсетуваме граѓаните да останат дома со оглед дека СВР Тетово продолжува со 24 часовно следење и практична имплементација на одлуките за ограничено движење познати како полициски час со мото патроли и на другите начини, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата нема утврдено прекршувања кај 195 лица кои потпишале изјави со кои се обврзале на самоизолација, како и кај 328 луѓе кои имаат решенија од Државен здравствен и санитарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска