Водостојот на прилепското вештачко езеро на максимално ниво

Од:

Водостојот на најголемата хидроакумулација во Прилепско го достигна максималното ниво од 6 милиони кубни метри вода.Заедно со проточното количество вода од 2 милиони кубни во текот на сезоната претставува оптимално ниво потребно за наводнување на околу 2.000 хектари обработливо земјоделско земјиште опфатено со хидросистемот во прилепскиот регион.

Прилепското вештачко езеро и неговата брана од февруари 2010 година се дадени на стопанисување на водостопанското претпријатие „Прилепско поле“. Браната на вештачкото езеро, која е изградена во далечната 1966 година, редовно се контролира, така што надлежните велат дека е во одлична состојба.

Надлежните од ВС „Прилепско поле“ ги повикуваат граѓаните и водокорисниците во наредните денови да ги следат соопштенијата по медиумитеза редоследот на полнење на каналите, при што ќе им биде обезбедена вода уште од средината на април.Оние водокорисницишто во наредниве 3 месеци ќе склучат договори со „Прилепско поле“, ќе плаќаат по постојните и непроменети цени од последниве неколку години,а доколку тоа го сторат во летните месеци, ќе треба да платат 50% повеќе.

Од ВС „Прилепско поле“ потсетуваат дека 30 април е последен рок за подмирување на заостанатите долгови за наводнување, како и надоместокот кон Агенцијата за патишта.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена