ВИДЕО: Подготвени три идејни решенија за новиот Клинички центар

Од:

Проектантот за новиот Клинички центар во Скопје следната недела треба да достави идејно решение.

Се работи за три варијанти на идејни решенија од кои треба да се избере едно или да се направи комбинација од трите, по што ќе почне изработката на главниот проект, кој треба да заврши на есен.

Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски, кој ја посети Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија по повод инсталација на новиот линеарен акцелератор.

– Главниот проект треба да заврши до крајот на есента. По што следната есен ќе се распише тендер за градба и ќе почне градбата на новиот Клинички центар. Важно е што во меѓувреме ќе почнат работите за рушење на еден објект, на чие место ќе биде новата зграда така што нема да се губи времето само во проектирање, туку и во подготовка на теренот за градба на новиот Клинички центар, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!