ВИДЕО: Акција на нуркачкиот центар Амфора за вадење заостанати мрежи

Од:

„Заостанати потонати мрежи (духови) во Охридско езеро претставуваат голема опасност за живиот свет во езерото.

Станува збор за потонати мрежи, кои прават штета не само на рибниот фонд туку и на други живи компоненти. Загрозени се и пастрмките кои поради нивната специфика и биологија на однесување, кога еднаш ќе се најдат во овие мрежи на нивните рибни пловишта нема повеќе да доаѓаат, ниту да вршат природен мрест“, велат од Нуркачкиот центар Амфора.

Со финансиска подршка на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, а имплементиран од ГИЗ, вадењето на заостанатите мрежи започна на 12 мај и траеше до 22 јуни 2017 година.

Во реализација на проектот учествуваа екипи од Хидробиолошки Завод од Охрид и професионални нуркачи од Нуркачкиот Центар АМФОРА.

Прво мрежите се лоцираа визуелна детекција и со употреба на ехо сонар, а потоа следуваше врзување и подигнување на брод со помош на витло и подводни лифтови, велат од Нуркачкиот центар Амфора.

Нуркачите од АМФОРА велат дека работеле во екстремни услови на температура на вода од 8 степени на длабочина од 30-40 метри, во ограничена видливост и големи струења на водата.

„На места постоеше голема опасност од заплеткување на нуркачите. Скелети од риби, школки, изумрени единки, остатоци од птици, ракови, краби ова е само дел од се она што можеше да се види во извадените мрежи.

Во оваа акција беа извадени вкупно 230 рибарски мрежи со должина од околу 12 километри“, соопштуваат од Нуркачкиот центар Амфора.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски