Домар во станбен комплекс, близу италијанскиот град Фиренца, употребил нож за да го уплаши крадецот кој се обидел да украде
бакарна жица и повикал полиција да го уапси, а следниот ден на истиот човек му понудил работа.
– Каков е тоа крадец што го користи автомобилот на својата соприга за да дојде до плен од 60 евра, изјави Паоло Педроти, 62 годишен домар.
Тој го фатил Марчело Мучи (54) во понеделникот, а во вторникот дознал дека крадецот е невработен и дека живее од инвалидската пензија на својата сопруга од 250 евра.
Педроти пишал во локалниот весник Тирено и му понудил на Мучи работа на косач на тревник и чистач на станови кои се понудени на продажба, со заработка од осум евра на час. Мучи рекол дека веднаш ја прифаќа понудата.
– Крадев бакар за да го искористам за правење лампи и лустери кои ги продавав од врата до врата, изјави Мучи, градинар кој претходно добил отказ.
Педроти, писмото објавено во локалниот весник го запачнал со зборовите „Драг крадецу“, а го завршил со „Те чекам. Адресата ја знаеш“.