Ковид-19: Јапонија воведе вонредна состојба во цела земја

Од:

Јапонија прогласи вонредна состојба во целата земја поради влошената состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

Како што објави синоќа Би-Би-Си, мерката, која ќе биде во сила до 6 мај, им овозможува на регионалните власти да побараат од луѓето да останат во домовите, но не предвидуваат казнени мерки.

Пред еден месец, премиерот Шинѕо Абе воведе вонредна состојба во седум префектури.

.Како што се зголемува бројот на заразени лица, се зголемуваат критиките во земјата за начинот на кој Абе одговори на кризата.

Една неодамнешна анкета на јавното мислење покажа дека 75 проценти од Јапонците веруваат дека Абе предоцна прогласил вонредна состојба во Токио, кој е најтешко погоден од епидемијата.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови