Германија ги отфрли барањата на Грција за исплата на репарации

Од:

Берлин ги отфрли барањата на Грција за исплата на репарации за штетите направени за време на Втората светска војна.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за „Ноје Оснабрјукер Цајтунг“ истакна дека грчкиот народ не треба да се движи во погрешна насока, додавајќи дека прашањето за испалата на репарации од Германија е јасно и оти нема „никаква надеж“ за таквите претензии.

– Патот на реформите е долг, Грците не треба да бидат дезориентирани. Грција до моментот постигна многу, но има уште многу од патот. И тој пат не треба да се пренасочува, посочи Шојбле.

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос веднаш регаираше на изјавата на Шојбле, нагласувајќи дека без оглед дали прашањето е јасно или не, тоа ќе биде решено од меѓународното правосудство.

Аврамопулос посочи дека не треба да се поврзуваат реформите во Грција со прашањето за германските репарации.

– Прашањето за германските репарации како последица од Втората светска војна, со кое Грција подолго време се занимава е прашање со историски, хуманитарни, државни и правни параметри, истакна Аврамопулос.

Грчки експерти утврдиле дека Долгот на Германија кон Грција од Втората светска војна изнесува 162 милијарди евра, од кои 108 милијарди евра за изградба на разурнатата инфраструктура и 54 милијарди евра окупацискиот кредит, што грчката влада била принудена да го даде во периодот од 1942 до 1944 година.

Вкупната сума од 162 милијарди евра е еднаква на 80 проценти од сегашниот бруто домашен производ на Грција, и ако тие средства бидат исплатени ќе се покрие поголем дел од државниот долг на земјата.

Грчки експерти подготвиле според кој се наведува дека Грција не добила компензации ниту за окупацискиот кредит, ниту пак за злосторствата направени кон нејзиниот народ за време на нацистичката окупација на земјата. Извештајот е заснован на 761 том архивски материјал – договори, законски акти и судска решенија.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори