Полицијата приведе 36 лица за непочитување на забраната за движење

Од:

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што информира МВР според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска