Нема да се објават имињата на физичките и правните лица кои ги повлекле депозити од кипарските банки

Од:

Нема да бидат објавени имињата на околу 6.000 физички и правни лица кои изнесле пари од Кипар во странство на почетокот од март, изјави оретседателот на кипарскиот Парламент Јанакис Омиру.

Тој наведе дека листата со имиња ќе биде доставена до пратениците, додавајќи дека дел од префрлувањето на пари во странство било во рамките на законски, трговски и други дејности.

Претседателот на парламентарната комисија Димитрис Силурис упати критики до претставниците на политичките партии дека формирале мнозинство за прекин на истрагата за префрлувањето на пари во странство.

Централната банка на Кипар во вторникот до парламентарната комисија достави список со имиња на 6.000 физички и правни лица кои повлекле депозити во висина од десетици милиони евра.

Повлечените пари биле испратени во странство. Повлекувањето на депозитите се случило од први до 15 март.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ