Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово на денешната седница побара од Комисија за заразни болести и Владата да достави епидемиолошка проценка на состојбата со Ковид-19 на територија на кумановската општина и да се произнесе дали досегашните преземени мерки од страна на надлежните се доволни или е потребно носење дополнителни мерки, со оглед дека бројот на заразените е значително зголемен.
На седницата на Штабот, и која присуствува и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбер Адеми и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, беше побарано од Владата да ја издвои Општина Куманово од рамките на општите мерки на Владата кои важат за државата, со дополнителна 14-дневна, 24 часовна изолација или како што потенцираат карантин во посебни услови, кој ќе важи од 21 април и ќе трае до 4 мај годинава, при што ќе се почитуваат донесените мерки од Владата и дополнителни дефинирани постапки во ваква состојба на штабот.
Меѓу посебните мерки кои треба да важат во вакви услови, се наведува во соопштението од седницата, се дозволи за лица ангажирани и во стопанството и институциите, пунткови за влез и излез, дезинфекција на возила, патници, транспорт на намирници, енергетски потреби за институциите кои се борат против епидемијата, доставана на храна за домаќинства, поголем број оператори кои ќе добијат дозволи. Во условите е предвидено и да се операционализира одлуката на Владата за земјоделците и сточарите за непречено вршење на активностите, да се зголеми човековиот потенцијал во здравствени установи во Куманово.
– Бараме од Комисијата за заразни болести писмено да се произнесе до ОШЗС дали да се продолжи со епидемиолошката мерка дезинфекција, со оглед на сугестиите од страна на професорот Жарко Караџовски дека таа во овој момент е беспредметна и непотребна активност превземена од страна на ОШЗС Куманово, се вели во соопштението на штабот.
Од штабот бараат да се одреди начин на фрлање на смет од домаќинства со позитивни случаи, да се обезбеди дополителна заштитна опрема за граѓани, задолжително носење маски и ракавици за сите на отворено, МТСП активно да ја следи состојбатата кај социјално загорозените и лица со посебни потреби, да дели храна, деизнфекција и опрема.
– Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин се наведува во соопштението.
Оттаму бараат невалдините, хуманитарните организации, Црвен Ксрт да се координираат со штабот, да делат помош за најранливите категории.
Штабот доставува предлог протоколи за движење низ градот на повеќе категории граѓани, вработени лица во стопански дејности, ЕЛС, државни институции да се движат со дозволи од МИОА, согласно работното време, одлуките на Владата. Оние кои имаат потреба од превоз, а не се возачи, бидејќи јавниот превоз не функционира нивните организации да подготват списоци на лица и возила, да ги достават до штабот, кој потоа ќе ги доставува до СВР Куманово.
Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехранбени производи, здравствена помош како и потреба предизвикана од други природи (смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности) да користат онлајн набавка, тимовите на штабот и Црвениот крст или само еден член да набавуваво точно утврдено време во најблисок дуќан на 200 метри од домот.
– Лицата кои не се придржуваат до мерката воопшто да не се услужуваат. Оваа мерка подразбира воведување на режимот на маалски полицаец со засилена контрола на службите (МВР-СВР и инспекциските органи). Постарите категории и ранливите категории на семејства ќе бидат опслужувани со најава на call center на ОШЗС или дирекно кон трговските дуќани или лично ним со соодветни нарачки, се наведува во соопштението.
Сите останати потреби на граѓаните ќе мора да бидат пријавени до штаботи по приоритети решавани во координација со другите служби и институции. Што се однесува до земјоделците, сточари, пчелари, лица со попреченост, нивни придружувачи, да се операционализираат постоечки мерки, ќе се врши согласно досегашни препораки и одлуки на Владата во координација со штабот.