Во периодот од 1 до 14 април 2020 година Хелсиншкиот комитет доби 56 пријави за прекршување на работничките права, кои опфаќаат 363 работници, информираат од Хелсиншкиот комитет за човековите права.
– Во девет пријави, каде се отпуштени 67 работници, отказите се основани поради деловни причини, поради вина на страна на работникот и отказ поради прекршување на работниот ред и дисциплина. Врз основа на принудно спогодбено раскинување на договорот за вработување, отпуштени се 264 работници. За прекршување на мерките на Владата се отпуштени седум работници, односно 67 работници се отпуштени поради намалување на платите/неисплатени плати, велат од Хелсиншки комитет.
Гледано во проценти по родова распределба, 62 отсто од отпуштените се работнички.