Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид каде што спаѓа и Кичево е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 19 часот на 14.04. до 07 часот на 15 април 2020 година, во Кичево во целост се почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 , информира портпаролот Стефан Димоски.
Тој додава дека во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Евидентирани се четири нови лица во самоизолација, од кои еден во Кичево.
Полициските службеници извршија 60 контроли на угостителски објекти.