Четири случаи на непочитување на полицискиот час во Тетовско

Од:

Тетовската полиција бележи четири нови случаи на непочитување на одлуката за ограничено движење во периодот од 07:00 часот вчера до истото време денеска. Тие се лишени од слобода, задржани во Полициската станица Тетово.

– За сите четворица ќе се изготват соодветени поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од СВР Тетово.

Во овој период полициските службеници на СВР Тетово извршиле контроли на вкупно 157 лица со решенија за изолација издадени од Државен здравствен и санитарен инспекторат. Воедно контролирани се 145 луѓе со изјави за самоизолација.

-При контролите на лицата со решенија и со писмени изјави не се констатирани непочитувања и поради тоа нема поднесени пријави по таа основа, потенцираат од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска