Ослободување од плаќање фирмарина на сите занаетчии и трговци поединци во Битола

Од:

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска во рамки на првиот сет економски мерки предожи сите занаетчии и трговци поединци да бидат ослободени од плаќање фирмарина на годишно ниво.

Општина Битола за ублажување на економските последици предизвикани од актуелната пандемија, ќе донесе и други мерки од најзина надлежност, информираа од тамошната локална самоуправа.

-Како градоначалник предложив ослободување од закупнина на деловни простори во сопственост на Општина Битола за месеците март, април и мај, ослободување од надоместоци за комунална такса за користење на простор пред деловни простории за март, април и мај, потоа слободување на закупнина на градежно земјиште под објект за месеците март, април и мај, и ослободување од фирмарина на сите занаетчии и трговци поединци на годишно ниво, истакна Петровска.

Со првичните еркономски мерки Општина Битола се откажува од своите приходи во висина од над 6 милиони денари, а дополнително јавните петпријатија во зависност од нивните можности, ќе дадат мерки за ублажување на последиците.

Општина Битола додели и околу еден милион денари финансиски средства наменети за социјално ранливите семејства.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола