СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно се обидуваат политички да профитираат во време на најголема здравствена криза

Од:

„Лажните вести и обидите за манипулација на граѓаните и во време на најголема здравствена и економска криза останува во агендата на делување на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат целосно отсуство на грижа за граѓаните какви последици ќе остават деструктивноста и лажните вести кои секојдневно ги пласираат од белиот дворец.

Лажеа дека има недостиг на тестови за коронавирусот и манипулираа за заштитната опрема на здравствените работници“, велат од СДСМ.

„Освен лаги, во целиот овој период не понудија ниту една идеја, не дадоа ниту еден предлог за тоа како полесно и побрзо да се надмине здравствената и економската криза.

Единствено што им текна е да посегнат по личните пари на граѓаните од вториот пензиски фонд, како што правеа додека 11 години беа на власт. А од друга страна не се откажуваат по ниту една цена од народните пари.

Додека целата држава, сите институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската, се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од партиското профитерство ,политикантство и популизам.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш си го потврди своето лицемерие и барем во најголемата криза да биде со граѓаните и да заборави на политичките ситни поени, таа останува на страната на одбрана на криминалот и штитење на украденото. Истата матрица на бегалецот Никола Груевски.

Ваквото несериозно, лицемерно и неодговорно однесување на Мицкоски и ВРО-ДПМНЕ граѓаните го препознаваат и многу добро знаат кој работи за заштита на нивното здравје, а кој очајно се обидува да профитира во време на сериозна здравствена состојба“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“