67-годишниот човек не успеал да го види возот кој излегол од тунелот и не ја слушнал звучната сигнализација, по што возот удрил во него.
Очевидци за Канал 5 велат дека глетката била стравична. Тие успеале да му дадат прва помош на тешко повеениот маж, кој давал знаци на живот, повикале брза помош и го транспортирале во велешката болница.
На железничкиот премин се излезени жителите од цела населба. Искажуваат револт и велат дека сакаат да го блокираат преминот на кој очекуваат уште вечерва да дојде некој од првите луѓе на МЖ, како и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Фото: Канал 5