САД: Да попуштат и Белград и Приштина

Од:

Амбасадорот на САД, Мајкл Кирби изјави дека двете страни во дијалогот, односно од Белград и Приштина очекуваат да направат отстапки и изрази оптимизам дека ќе се постигне договор.

-Во секој преговор се очекува да се попушти, веројатно двете страни, тоа е нормално во дијалог – изјави Кирби.

Тој додаде дека постои простор за продолжување на преговорите помеѓу Белград и Приштина и дека двете страни сметаат дека во нивен интерес е да се постигне решение.

-Преговорите се уште траат, не се завршени. Се надевам дека наредниот состанок ќе заврши позитивно – изјави тој.

Тој додаде дека САД ги подржуваат преговорите помеѓу Белград и Приштина кои ги предводи ЕУ и дека се вклучени во процесот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски