УЕФА организира нова видеоконференција за иднината на сезоната

Од:

УЕФА ќе организира нова видеоконференција на 23 април на тема опции за завршување на сезоната 2019/2020. Ова ќе се случи откако во претходните денови се одржаа телефонски разговори на Централата со сите 55 национални федерации членки, како и со раководството на Здружението на фудбалски клубови на континентот.

Фудбалската сезона беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус и се бараат опции за нејзино рестартирање.

Приоритет за УЕФА е завршувањето на националните првенства и турнири. Се разгледува опцијата средби да се играат до крајот на јули и во август, а потоа да се закаже евентуално завршување на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри