ММФ: Претстои најлошата година за светската економија од Големата депресија

Од:

Под влијание на пандемијата на новиот коронавирус, глобалната економија во 2020 година ќе ја доживее најлошата година од Големата депресија во 1930-тите години, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во новата прогноза за економскиот развој.

ММФ очекува пад на глобалната економија за три проценти оваа година, далеку повеќе од падот од 0,1 процент забележан за време на Големата рецесија во 2009 година. За 2021 година се очекува раст од 5,8 проценти. Сепак, Фондот признава дека шансите за закрепнување следната година се сè уште неизвесни.

Во својата јануарска прогноза, пред Ковид-19 да се појави како сериозна закана за јавното здравство и економскиот раст низ целиот свет, ММФ предвидуваше глобален раст од 3,3 проценти за оваа година. Шестмесечниот извештај на ММФ за шансите за глобалната економија е подготвен за пролетните средби на Фондот и Светската банка, кои поради пандемијата ќе се одржат виртуелно, на крајот на оваа недела.

ММФ очекува економски пад од 5,9 отсто за САД, 7,5 проценти за еврозоната, 5,2 отсто за Јапонија и 6,5 проценти за Велика Британија. Кинеската економија се очекува да се намали за 1,2 проценти оваа година.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели