Општина Кисела Вода врши целосна дезинфекција во сите месни и урбани заедници

Од:

По многуте спорведени работни активности за спречување и превенција на вирусот „Ковид – 19“, Општина Кисела Вода и денеска на својата територија започна уште една нова голема акција за дезинфекција на јавните површини.

Во урбаните заедници „Цветан Димов“ и „11 Октомври – згради“, дезинфекција е извршена во: околу 50 влезови на станбени згради, пред влезовите на маркетите, аптеките и банките. Дезинфицирани се и автобуските постојки, клупите и корпите за отпадоци во парковите, како и затворените за употреба детски и спортски игралишта, велат од Општината.

Во периодот што следува, работните активности за спречување на вирусот ќе продолжат да се одвиваат во сите урбани и месни заедници во општината.

Градоначалникот Филип Темелковски повикува и замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство. Воедно, градоначалникот Темелковски уште еднаш упатува голема благодарност до сите вклучени во борбата против вирусот, а на сите заразени им посакува брзо и успешно заздравување.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода