Шведската агенција за контрола на храната денеска објави дека е утврдено присуство на свинско месо во салама, означена како халал храна.
Продуктите се увезени од Словенија и содржат 10 проценти свинско месо, според ДНК тестовите направени од агенцијата.
– Саламата се повлечена од магацините и повеќе не е достапна за продажба или дистрибуција во Шведска, истакна државниот инспектор.
Според инспекторот постои многу мала веројатност дека грешката не намерно направена, бидејќи свинското е поевтино од говедското месо.