Предложен казнен налог за лице кое управувало со автомобил за време полициски час во Велешта

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од ЈОРМ, обвинетиот на 29 март, во време на забрана за движење на населението воспоставена со Одлука на Владата, управувал со автомобил во селото Велешта.

-Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена алтернативна мерка – условна осуда со која му се утврдува парична казна од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, определено дека таа казна нема да се изврши доколку во рок од една година не стори ново кривично дело, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски