(ВИДЕО) Петров: Законот важи за сите подеднакво, спроведени се постапки против сите што го прекршиле

Од:

„Како партија ги осудуваме сите непочитувања на мерките на Владата на Република Северна Македонија, она што би сакал да напоменам е дека пораката на градоначалникот на Гази Баба имаше една цел, да ја смири ситуацијата. Би сакал да кажам дека сите сме еднакви пред законот и законот важи подеднакво за сите.

Она што можам да го потврдам е дека МВР има поднесено три кривични пријави за три лица, а најавени се и мерки за сите други што излегле на улица.

Мој апел до сите граѓани е да не дозволиме еден изолиран инцидент да ја засени одличната работа на стотици здравствени работници, на сите институции и на сите граѓани кои седат дома, се борат против овој смртоносен вирус“, одговори Коста Петров , потпретседател на СДСМ на новинарското прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати