Чулев за инцидентот во Сингелиќ: Утврден е идентитетот на дел до лицата кои не го почитуваа полицискиот час

Од:

Еден од уапсените се претставил дека е советник од редовите на СДСМ во општина Гази Баба со цел да изврши притисок врз полицајците за да не биде приведен. Вака министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, го објасни инцидентот во скопски Сингелиќ. Според него, граѓаните кои го прекршиле полицискиот час, биле водени од политичка мисла.

Чулев на прес-конференцијата рече дека МВР поднело кривични пријави против сите лица, а веќе има идентификувано и дел од толпата која излезе на улица по приведувањето на трите лица.

„Ова е предизвикано и од политички побуди. Граѓаните водени од политичка мисла, свесно се изложија себеси но и останатите граѓани на ризик кој сите може скапо да не чини. Додека сум јас министер за внатрешни работи, законот ќе важи за сите и неселективно. Околу 21: 10 на социјалните мрежи е забележана слика од групирани лица на улицата „Алија Аводвиќ“ во населбата Ченто. По добиеното сознание, од страна на полициски службеници од СВР Скопје, преземени се активности и преку патролно интервенирање е извршена контрола за тоа дали се почитуваат мерките за ограничување на движењето. Кога пристигнале на конкретната локација, забележана е група од осум лица кои откако ги забележале полициските возила, дел од нив се дале во бегство, додека 3 лица останале и биле лишени од слобода и спроведено во полициска станица“, рече министерот Чулев.

Според Чулев, едно од приведените лица сакало да изврши притисок врз службениците за да не биде лишен од слобода, па се претставил како советник на СДСМ.

„При лишувањето од слобода, едно од лицата се претставило како член на Советот на општина Гази Баба од редовите на СДСМ, со што сакал да изврши притисок врз полициските службеници со цел истиот да не биде лишен од слобода. Од страна полицајците извршен е службен разговор, врз основа на што се изготвени кривични пријави, за кривично дело од член 206 од КЗ, меѓу кои, и кривична пријава за советникот на СДСМ“, додаде Чулев.

Тој потенцираше дека меѓу толпата која по приведувањето излегла на улицата, кружеле лажни информации дека приведените биле тепани од полицијата, како и апсени од нивните домови.

„Околу 22 часот е добиена информација дека на местото каде биле приведени трите лица е собрана поголема група луѓе, чиј мотив е лажната информација дека овие луѓе се физички малтретирани во полициската станица и дека истите се лишени од слобода од своите домови. Двете информации не се точни, тоа се потврдува и во исказите од лицата кои беа лишени од слобода“, додаде Чулев.

Министерот го спомена и градоначалникот на општината, Борис Георгиевски, бидејќи од видео записи се гледало како тој дал ветување дека против трите уапсени лица, нема да биде поднесена кривична пријава.

„Во однос на видео-записите кои се појавија на одредени веб-портали а на кои се гледа и слуша како градоначалникот на општина Гази Баба дава ветување дека тој лично ќе ги ослободи лицата и дека за нив, нема да има поднесок, потенцирам дека МВР постапува неселективно кон сите граѓани во државата и секаде онаму каде се прекршени законските одредби и одлуките на Владата се постапува согласно законот“, рече Чулев.

МВР и натаму прави идентификација на останатата група луѓе кои излегоа на улицата поради апсењето на трите лица од Сингелиќ и Арачиново.

„Во насока на целосно расчистување на случајот, МВР и во текот на денешниот ден, превзема активности, при што обезбеден е видео-запис за кој се спроведува детална анализа, за идентификација на лицата и анализа кои не го почитувале полицискиот час. За оние кои јавно повикуваа за непочитување на ограничувањето на движење, ќе бидат поднесени две кривични пријави, за две кривични дела и тоа за поттикнување на непочитување на одлуките на Владата и самото непочитување на мерките на Владата. На дел од лицата им е утврден идентитетот“, кажа тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски